Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел

На состанокот на кој Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека треба да продолжат економските санкции против Русија.

626125
Состанок на шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО во Брисел

Состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО кој што се одржува во белгискиот главен град Брисел продолжи и во текот на вчерашниот ден.

На состанокот на кој Турција ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истакна дека треба да продолжат економските санкции против Русија.

Столтенберг повтори дека НАТО нема да го признае насилното анектирање на Крим и ја повика Русија да се придржува кон догвоорот од Минск.

Нагласувајќи дека меѓународната заедница треба да продолжи да врши притисок врз Русија за да ги исплнува оваа земја своите обврски, Јенс Столтенбергнагласи дека сеуште е сриозна состојбата особено во источните делови на Украина и додаде дека затоа е значајно економските санкции против Русиај да продолжат.

22 земји членки на ЕУ од 2014 година спроведуваат економска санкција против Русија.

Во меѓувреме на маргините на состанокот на НАТО во Брисел се одржуваат и низа билатерални средби.

Во тие рамки и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу се состана со потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс и со еврокомесарот за хуманитарна помош и миграции Димистри Аврамопулос.

Чавушоглу за време на овие свои средби нагласи дека Турција не заслужува да се третира како земја од втор ред и рече: „Нас мораат да не увидат како еднаков партнер. Ние не можеме да бидеме од втор ред поради тоа што сакаме да станеме членка, а тие од прв ред. денеска сме членки во голем број институции и во НАТО. Како таму сме еднакви од прв ред, а овде сме од втор ред. Ние сме основачка членка на Советот на Европа. Советот на Европа и ЕУ немаат премногу голема разлика. Ни велите да ги прифатиме овие негативни третирања кон нас.“

Правејќи проценка и на судскиот процес во врска предавањето на 8-те војници пучисти кои по обидот за преврат на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули пребегаа во Грција, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Наша желба е да бидат предадени и 8-те мина. Смисловно е тоа што во врска со тројца се донесува една одлука, а во врска со уште тројца други друга одлука. Но сепак треба да се согледаат вистините.“



Слични вести