Матео Ренци му ја врачи својата оставка на претседателот Матарела

Италијанскиот премиер Матео Ренци своето писмо со оставка му го врачи на италијанскиот премиер Серџио Матарела

626003
Матео Ренци му ја врачи својата оставка на претседателот Матарела

Италијанскиот премиер Матео Ренци поднесе оставка...

Ренци своето писмо со оставка му го врачи на италијанскиот премиер Серџио Матарела.

Матео Ренци кој по претрпениот тежок пораз на референдумот за уставни промени што се одржа на 4 декември во недела и веднаш потоа изјави дека ќе поднесе оставка, вчера во вечерните часови му го предаде на претседателот Матарела писмото со оставка на својата 63-та влада.

По ваквиот развој италијанскиот претседател Серџиоа Матарела за формирање на новата влада во петокот ќе ги започне политичките консултации со претставниците на политичките партии кои располагаат со свои групи во парламентот.

Во Италија сега се стои на формирање преодна влада која ќе го подготви новиот изборен закон.

Инаку на одржаниот референдум за уставни промени со кои што се предвидуваше во сериозна мера да бидат ограничени надлежностите на Сенатот и се имаше за цел да се зајакне законодавната власт, 60-насто од италијанските граѓани гласаа против и овие уставни промени беа отфрлени.

Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот и најави дека во најскоро време ќе поднесе оставка.



Слични вести