Кнесетот изгласа нацрт-закон за легализирање на незаконски изградените населби на Западниот брег

На гласањето нацрт-законот за легализирање на незаконски изградените еврејски населби од страна на Израел на Западниот брег беше усвоен со 58 гласа „за“, наспроти 55 гласа „против“

626278
Кнесетот изгласа нацрт-закон за легализирање на незаконски изградените населби на Западниот брег

Во израелскиот парламент Кнесетот се гласаше за нацрт-законот со кој што ќе се легализираат незаконски изградените еврејски населби од страна на Израел на Западниот брег.

На гласањето нацрт-законот беше усвоен со 58 гласа „за“, наспроти 55 гласа „против“.

За нацрт-законот гласаше и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Согласно израелските закони за озаконување на нацртот треба да биде поставен на гласање и да се изгласа уште два пати во израелскиот парламент Кнесетот.

Освен 136 „законски“ еверејски населби на Западниот брег и 10 во Источен Ерусалим, се наоѓаат и уште 116 „илегални“ еврејски населби изградени на ридовите кои што го обиколуваат Западниот брег.

Во областа каде што во 1967 година кога Западниот брег и Источен Ерусалим беа окупирани од страна на Израел немаше ниту еден Евреин денеска живеат 640 илјади еврејски доселеници од кои 220 илјади во Источен Ерусалим.

Меѓународното право сите изгарадени еврејски населби во овие области ги смета за незаконски.



Слични вести