Во воздушен напад врз населено место во Идлиб загинаа 11 цивили

Надлежни за цивилна одбрана во Идлиб истакнаа дека воен авион во сопственост на сириската армија бомбардираше цивилно населено место јужно од градот под контрола на опозиционерите и дека во нападот загинаа 11 цивили, а голем број лица се ранети

624369
Во воздушен напад врз населено место во Идлиб загинаа 11 цивили

Во реализиран воздушен напад на воен авион на сирискиот режим врз цивилно населено место во градот Идлиб во северниот дел на земјата животот го загубија 11 цивили, а голем број лица се ранети.

Надлежни за цивилна одбрана во Идлиб истакнаа дека воен авион во сопственост на сириската армија бомбардираше цивилно населено место јужно од градот под контрола на опозиционерите.

Во воздушниот напад животот го загубија 11 цивили меѓу кои има и жени и деца, а има и голем број ранети. 

Екипите за цивилна одбрана се обидуваат да стигнат до затрупаните лица под рушевините.

Во меѓувреме и во вчерашните реализирани воздушни напади од страна на силите на сирискиот режим врз населеното место ел Нуман и месноста Кафр Набл кај градот Идлиб животот го загубија 53-јца цивили, а голем број лица беа ранети.



Слични вести