Советот за безбедност на ОН ја отфрли нацрт-резолуцијата за 7 дневен прекин на огнот во Алепо

На гласањето што се одржа во Советот за безбедност двете земји постојани членки Русија и Кина повторно го искористија своето право на вето, додека против гласаше и Венецуела. Ангола на гласањето беше воздржана, а 11 земји членки гласаа за нацрт-резолуција

624431
Советот за безбедност на ОН ја отфрли нацрт-резолуцијата за 7 дневен прекин на огнот во Алепо

Во Советот за безбедност на ОН отфрлена нацрт-резолуцијата со која се бараше 7 дневен прекин на вооружените судири во градот Алепо во Сирија со цел доставување хуманитарна помош на населението во овој градот.

Откако во засилените воздушни напади на сирискиот режим и Русија врз Алепо животот го загубија голем број цивили и ОН го прогласија Алепо за „град без храна“, Шпанија, Египет и Нов Зеланд подготвија нацрт-резолуција за 7 дневен прекин на огнот во Алепо која ја доставија до Советот за безбедност на ОН.

На гласањето што се одржа во Советот за безбедност двете земји постојани членки Русија и Кина повторно го искористија своето право на вето, додека против гласаше и Венецуела. Ангола на гласањето беше воздржана, а 11 земји членки гласаа за нацрт-резолуцијата.

На тој начин Русија од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија по шести пат го употреби своето право на вето, а Кина стави вето на петтата нацрт-резолуција во Советот за безбедност на ОН посветена на Сирија.

Инаку за усвојување на одредена резолуција во Советот за безбедност на ОН составен од 15 земји членки треба да се добијат 9 гласа, а воедно ниту една од петте земји постојани членки на Советот (САД, Русија, Кина, Велика Британија и Франција) не треба да го искористат своето право на вето.

Специјалниот претставник во ОН на Сириската национална коалиција на опозициски и револуционерни сили Неџиб Гадбиан во објавеното писмено соопштение по гласањето ја изнесе следната проценка: „Стои мошне отворено дека Советот за безбедност на ОН не е желен за спасување на животите во Сирија.“

Гадбиан истакна дека се очекува од земјите членки на ОН за спасување на цивилите во Алепо прашањето да го постават на разгледување во Генералното собрание на ОН каде што членуваат 193 земји.

Во меѓувреме пристигнаа и реакции од западните земји, а пред се од Велика Британија и Франција, против Русија и Кина кои ставија вето на нацрт-резолуцијата за 7 дневен прекин на огнот во Алепо за доставување хуманитарна помош на цивилното население во градот. 



Слични вести