Петта година по ред намалена продажбата на оружје во светот

Две третини од прометот стекнат од продажбата на оружје (околу 209 милијарди 700 милиони долари) припаѓа на американските компании за оружје

624937
Петта година по ред намалена продажбата на оружје во светот

Петта година по ред се намали продажбата на оружје во светот.

Според извештајот на Меѓународниот институт за мировни истражувања во Стокхолм (СИПРИ) за 2015 година и покрај намалената продажба на оружје во светот, западноевропските компании производители на оружје го зголемија прометот на оружје.

Според резултатите од анкетата која беше спроведена со 100  најголеми компании производители на оружје и воена опрема, минатогодишниот вкупен промет во трговијата со оружје се искачи на 370 милијарди 700 милиони долари (350 милијарди евра). Оваа бројка во споредба со претходната година е намалена за 0,6 отсто.

Две третини од прометот стекнат од продажбата на оружје (околу 209 милијарди 700 милиони долари) припаѓа на американските компании за оружје.

Продажбата на оружје на американските компании опадна за 3 отсто, додека кај западноевропските компании беше забележан пораст во продажбата на оружје. Прометот на американските компании во 2015 во споредба со претходната година се зголеми за 6,6 отсто и вкупниот износ изнесува околу 95,7 милијарди долари (90 милијарди евра).

На списокот на 100-те компании со најголем промет на продажба на оружје на СИПРИ се наоѓаат и две турски компании. Компанијата АСЕЛСАН се наоѓа на 82-ро, додека Компанијата за воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) на 91-о место. Компанијата АСЕЛСАН профитот од оружјето од 979 милиони долари го зголеми на 1 милијарда долари, додека ТУСАШ од 736 милиони на 890 милиони долари.



Слични вести