Не може да се спречи бегалската драма во Средоземното море

Екипите на Италијанската крајбрежна стража и бродовите за спасување на организацијата Лекари без граници вложуваат големи напори за спасување на бегалците

624652
Не може да се спречи бегалската драма во Средоземното море

Италијанската крајбрежна стража во последните 48 часа извлече 16 мртви тела, а спаси над 1300 бегалци од Средоземното море.

Не може да се спречи бегалската драма во Средоземното море. Бегалците претежно од Либија за нова надеж се отвораат кон Средоземното море.

Екипите за спасување водат беспоштедна борба за спречување на човечките загуби.

Екипите на Италијанската крајбрежна стража и бродовите за спасување на организацијата Лекари без граници вложуваат големи напори за спасување на бегалците.

Бродовите за спасување повторно интервенираа врз чамецот кој пренесуваше голем број бегалци.

Но овојпат студот беше кошмар за бегалците.

Кај некои мртви бегалци чии тела беа пронајдени во Средоземното море беше забележана хипотермија.

Со намалувањето на температурата се намали и температурата на водата на Средоземното море.

Впрочем сите бегалци кои паднаа во морето и да знаеја да пливаат, само по одреден период како последица на студеното време, температурата на телото се намалува под 35 степени и стапува смртта.

ОН соопштија дека во текот на годинава најмалку  4 700 лица при обидот да го поминат Средоземното море или умреле или исчезнале.



Слични вести