Мануел Валс му ја врачи својата оставка на претседателот Франсоа Оланд

Францускиот претседател Франсоа Оланд ја прифати оставката на премиерот Мануел Валс и го назначи за нов премиер актуелниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев

624989
Мануел Валс му ја врачи својата оставка на претседателот Франсоа Оланд

Францускиот премиер Мануел Валс кој вчера соопшти дека ќе се кандидира за претседателските избори кои што ќе се одржат идната година денеска му ја врачи својата оставка на претседателот Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Оланд пак ја прифати оставката на Валс и истакна дека за премиер го назначува актуелниот министер за внатрешни работи Бернар Казнев.

Францускиот премиер Мануел Валс вчера во градот Еври каде што претходно ја извршуваше функцијата градоначалник соопшти дека ќе учествува во претседателската трка.

Валс инаку од Социјалистичката партија истакна дека треба да се обедини поделената левица во земјата.

Мануел Валс претходно го изјави и следното: „Сакам независна Франција која ќе биде цврсто приврзана кон своите вредности против Владимир Путин на Русија, Доналд Трамп на САД, Реџеп Тајјип Ердоган на Турција и Ши Џинпинг на Кина.“

Инаку патот на предкандидатурата на Мануел Валс кој за време на претседателскиот мандат на Франсоа Оланд ја извршуваше премиерската функција од 31 март 2014 година беше подотворен откако Оланд на 1 декември соопшти дека нема да учествува во претседателската трка на изборите што ќе се одржат идната година.

Според испитувањата на јавното мислење популарноста на актуелниот француски претседател Франсоа Оланд во последните месеци опадна на под 10-насто, додека популарноста на Мануел Валс беше малку над овој процент.

Предкандидатите за претседател од Социјалистичката партија за избор на својот кандидат за претседател на внатрепартиските избори на 22 и 29 јануари треба да ги достават своите кандидатури најдоцна до 15 декември.

Централнодесничарската Партија на Републиканците на изборот што се одржа пред 2 месеци за свој кандидат за нов претседател на Франција го избра Франсоа Филон, еден од поранешните премиери. 

Претседателските избори во Франција кои се одржуваат во два круга се закажани за 23 април и 7 мај додека како најсилни кандидати за нов француски претседател се прикажуваат кандидатот на централната десница Франсоа Филон и лидерот на екстремната десница партијата Национален фронт Марин Ле Пен.

На владејачката Социјалистичка партија пак во реализираните испитувања на јавното мислење не и се признава поголема шанса за победа.



Слични вести