Италијанскиот претседател Матарела побара од премиерот Ренци да ја одложи најавената оставка

Италијанскиот претседател Серџио Матарела го прими премиерот Матео Ренци кој по претрпениот тежок пораз на одржаниот референдум најави дека ќе поднесе оставка оваа своја одлука одложи до гласањето за одобрување на буџетот во парламентот

624287
Италијанскиот претседател Матарела побара од премиерот Ренци да ја одложи најавената оставка

Италијанскиот претседател Серџио Матарела побара од премиерот Матео Ренци кој најави дека ќе поднесе оставка оваа своја одлука да ја остави по гласањето за буџетот во парламентот.

Италијанскиот премиер Матео Ренци кој на одржаниот референдум за уставни промени претрпе тежок пораз и веднаш потоа најави дека ќе поднесе оставка на должноста беше примен кај претседателот Серџио Матарела.

Како што се истакнува италијанскиот претседател Матарела побарал од премиерот Ренци да ја одложи својата одлука за оставка од премиерската должност до одобрувањето на буџетот, а како што рекол за да не дојде до прекин во работата на парламентот.

Италијанскиот печат веста ја соопшти под насловот „Ренци ја замрзна својата оставка“.



Слични вести