Во воздушни напади на коалиционите сили во Мосул и Киркук се убиени 19 терористи на ДАЕШ

Во воздушни напади на меѓународните коалициони сили во градовите Мосул и Киркук во Ирак се убиени вкупно 19 терористи на ДАЕШ, а 53 терористи се ранети

624142
Во воздушни напади на коалиционите сили во Мосул и Киркук се убиени 19 терористи на ДАЕШ

Во реализирани воздушни напади од страна на меѓународни коалициони сили во ирачките градови Мосул и Киркук се убиени 19 припадници на терористичката организација ДАЕШ, а 53 припадници се ранети. 

Бригадниот генерал Шемхун Рад ел-Абаси на задача во Командата на специјалните ирачки сили истакна дека воени авиони во сопственост на меѓународните коалициони сили во рализирани воздушни напади на областите Ен-Неџар, Ер-Рифаи и Ен-Нур кај градот Мосул убиле 12, а раниле 37 терористи на ДАЕШ.

Од друга страна потполковникот Нијази Зенгене на задача во воените единици на Регионалната курдска управа истакна дека во реализиран воздушен напад исто така од страна на коалиционите авиони на населеното место Хавиџе кај градот Киркук се убиени 7 терористи припадници на ДАЕШ, а 16 припадници се ранети. 

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести