Сиријците продолжуваат да се враќаат во своите домови во областите исчистени од ДАЕШ

Бројот на Сиријците кои од Турција се вратија во Џераблус досега во рамките на операцијата Еуфратски штит со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичката организцаија ДАЕШ достигна до 16 илјади лиц

623809
Сиријците продолжуваат да се враќаат во своите домови во областите исчистени од ДАЕШ

Бегалците кои пребегаа од граѓанската војна во Сирија која продолжува веќе 6 години продолжуваат да се враќаат во своите домови во областите кои во рамките на операцијата Еуфратски штит се исчистени од терористичката организација  ДАЕШ.

Сиријците кои од страна на губернијата на Газиантеп се реагистрирани во населеното место Каркамиш под надзор на екипите на градската дирекција на Управата за миграција се враќаат во своите домови.

Групата Сиријци составена од 250 лица кои со своите предмети и багажи дојдоа на турско-сирискиот граничен премин Каркамиш меѓу кои има и жени и деца поминаа од безбедносна контрола и преминаа во Џераблус.

Предметите на Сиријците кои на граничниот премин беа пречекани од страна на припадници на Слободната сириска армија (ССА) со помош на возила беа однесени во нивните домови.

Бројот на Сиријците кои од Турција се вратија во Џераблус досега во рамките на операцијата Еуфратски штит која беше започната под водство на Турција на 24 август, а со цел исчистување на северниот дел на Сирија од терористичката организцаија ДАЕШ достигна до 16 илјади лица.



Слични вести