Премиерот на Нов Зеланд Џон Кеј поднесе оставка

Кеј рече дека дал се што можел да даде поради што поднесува оставка

623839
Премиерот на Нов Зеланд Џон Кеј поднесе оставка

Џон Кеј кој над 8 години беше на премиерската функција во Нов Зеланд поднесе оставка.

На прес конференцијата што ја одржа, премиерот Кеј рече дека дал се што можел да даде поради што поднесува оставка.

Меѓу коментарите кои беа објавени во медиумите преовладува мислењето дека големо влијание во поднесувањето на оставката на премиерот Џон Кеј се семејните причини.

Кеј потенцираше дека ова е една од најтешките одлуки кои ги усвоил досега и мисли дека сега е најповолно време за заминување.

Партијата на Кеј на претстојниот вонреден конгрес на 12 декември ќе го избере новиот лидер и премиер на Нов Зеланд.

Премиерот Кеј истакна дека на изборите ќе го поддржува помошникот и министер за економија Бил Енгиш кој се кандидира за претседателската функција на партијата.



Слични вести