Отфрлени уставните реформи за ограничување на овластувањата на Сенатот во Италија

Според нацрт-предлогот кој беше изнесен на референдумот, се планираше коренита промена во законодавната структура на земјата која се управува со две собранија

623706
Отфрлени уставните реформи за ограничување на овластувањата на Сенатот во Италија

Отфрлен уставните реформи за ограничување на овластувањата на Сенатот во Италија

Според резултатите од анкетата на историското гласање на референдумот во Италија, беа отфрлени уставните реформи со кои се предвидува ограничување на овластувањата на Сенатот.

65 насто од 47 регистрирани гласачи во Италија на референдумот гласаа против промените со кои се предвидуваше промена на околу една третина од уставот.

Според нацрт-предлогот кој беше изнесен на референдумот, се планираше коренита промена во законодавната структура на земјата која се управува со две собранија.

Италијанскиот премиер Матео Ренци кој рече дека ќе се надмине застојот во законодавството, според првите резултати од анкетата на гласањето доживеа голем пораз.

Државната телевизија РАИ соопшти дека 54 до 58 насто од гласачите гласале против пакетот реформи.

42 до 46 насто гласале за уставните реформи.

Референдумот истовремено претставуваше еден вид тест за владата.

Премиерот Матео Ренци на прес конференцијата што ја одржа по гласањето истакна дека ќе поднесе оставка.

По гласањето „не“ против уставните реформи, премиерот Ренци истакна дека ја поднесува целата одговорност и дека денес оставката ќе му ја поднесе на претседателот на државата.

Премиерот Ренци поразот го оцени со зборовите дека дојде крајот на нашата влада, поради што упати повик до сите оние кои што гласаа против да ги изнесат своите предлози.



Слични вести