Нема преживеани од авионската несреќа во Шпанија

Шпанската приватна новинска агенција „Еуропа прес“ соопшти дека во авионот кој падна се наоѓаа 4 лица од кои две деца

623463
Нема преживеани од авионската несреќа во Шпанија

Нема преживеани од 4 патници во авионот кој падна во населено место Сегурила во близината на шпанскиот град Толедо.

Шпанската приватна новинска агенција „Еуропа прес“ соопшти дека во авионот кој падна се наоѓаа 4 лица од кои две деца и дека сите патници на авионот загинале во несреќата.

Авионот полетал од мадридскиот аеродром Куатро Виентос и летале за португалскиот град Каскаис. Не се познати причините за авионската несреќа.

Продолжува истрагата во врска со авионската несреќа



Слични вести