Кери: Израел чекори по опасен пат

Политиката на населување не е пречка за мировните преговори, рече Нетанјаху

623915
Кери: Израел чекори по опасен пат

Американскиот државен секретар Џон Кери рече дека изградбата на нови населени места од страна на Израел на палестинските територии претставува пречка во напорите за воспоставување на мирот и дека Израел чекори по опасен пат.

Во говорот што го одржа на годинашната конференција на форумот Сабан на институтот Брукингс во Вашингтон, Кери направи проценка на палестинско-израелскиот конфликт.

Кери остро реагираше на зборовите на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кој во говорот на истоимениот форум рече дека политиката на населување не е пречка за мировните преговори.

Јас не ги подржува зборовите на Нетанјаху во врска со тоа дека политиката на населување не е пречка за мировните преговори. Не треба да се залажуваме. Не можете да ја игнорирате вистината и да кажете дека нема никакво влијание, рече Кери.

Конфликтот меѓу Израел и Палестина не ги засега само овие две земји, рече Кери и потенцираше дека како последица на овие судири се нарушуваат и односите меѓу Израел и Арапските земји.

Израел пред да ги подобри односите со Палестина, не може да потпише посебен мировен договор со Арапскиот свет, рече Кери.

Израел не може истовремено да води политика на формирање бизонална држава и населување на палестинските територии. Треба да избере една од нив, рече Кери.



Слични вести