Напади на приврзаниците на ПКК врз турски работни места, здруженија, згради и џамии во Германија

Приврзаниците на терористичката ПКК реализираа напади со бои и молотови коктели врз работни места, здруженија, згради и џамии во сопственост на Турците во покраините Хамбург и Шлезвиг-Холштајн во Германија

622496
Напади на приврзаниците на ПКК врз турски работни места, здруженија, згради и џамии во Германија

Приврзаниците на сепаратистичко-терористичката органзиација ПКК извршија напади врз работни места, здруженија, згради и џамии во сопственост на Турците во покраините Хамбург и Шлезвиг-Холштајн во Германија.

Приврзаниците на терористичката ПКК реализираа напади со бои и молотови коктели врз Турскиот културен центар, еден локален весник кој што се објавува на турски јазик и спортскиот клуб FC Türkiye во Хамбург, а во градот Куикборн во покраината Шлезвиг-Холштајн  се извршени напади врз џамијата Али Паша во склопот на Турската исламска заедница (DİTİB) на Управата на верски прашања на Турција.

Поради нападите била причинета материјална штета во зградите.

Приврзаниците на терористичката организација ПКК ги споделија на интернет снимките од извршениот напад со молотови коктели врз спортскиот клуб FC Türkiye во Хамбург и ја презедоа одговорноста за нападот.

Функционери на клубот објавија соопштение во кое истакнаа дека во моментов на нападот внатре во зградата на клубот се наоѓаат еден работник кој спиел и дека доколку пожарот не изгаснел само по себе овој работник можел да се затруе од чадот.

Доган Инам, еден од функционерите на спортскиот клуб FC Türkiye побара да се спроведе детална истрага во врска со случајот.

Приврзаниците на терористичката организација ПКК фрлиле бои и на ѕидовите на зградата на Турскиот културен центар во квартот Еимсбутел во Хамбург и ги скршиле прозорците на зградата, а исто така на ѕидовите напишале и пораки со закана. 

Напаѓачи приврзаници на ПКК реализираа напад со бои и врз џамијата Али Паша во склопот на Турската исламска заедница (DİTİB) на Управата на верски прашања на Турција во градот Куикборн во покраината Шлезвиг-Холштајн на 30 километри од Хамбург.

Претседателот на Европската турска конфедерација Џемал Четин привлече внимание на она болесно духовно растројство на терористите и ги осуди овие напади.

Џемал Четин рече: „Бараме што поскоро да бидат откриени напаѓачите и да бидат изнесени пред суд. Само на тој начин би можело да се спречат можните слични напади. Припадниците на нашата федерација како досега така и во иднина ќе се однесуваат ладнокрвно и нема да го пореметат својот став на здрав разум, нема да западнат во провокации. Случајот се истражува од страна на судските органи. Против тероризмот и секој вид напад насочен против спокојството во општеството ќе продолжиме да водиме борба во рамките на демократијата.“



Слични вести