Бан Ки-мун му се извини на Хаити за улогата на ОН во епидемијата на колера

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун се извини за улогата на ООН во ширењето на епидемијата на колера на Хаити во 2010 година во која животот го загубија повеќе од 10 илјади лица

622316
Бан Ки-мун му се извини на Хаити за улогата на ОН во епидемијата на колера

Генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун му се извини на Хаити поради болките предизвикани од епидемијата на колера која во 2010 година стана причина за смртта на повеќе од 10 илјади лица во оваа земја. 

Бан Ки-мун во говорот што го одржа во Генералното собрание на ОН на англиски, француски и локален јазик истакна дека епидемијата на колера на Хаити го оцрни угледот на ОН и рече: „Му се извинуваме на народот на Хаити. Не покажавме доволни напори за спречување на епидемијата на колера и многу жалиме поради тоа што станавме причина за тоа.“

Заменик генералниот секретар на ОН Јан Елијасон пак на одржаната конференција за претставниците на печатот на прашањето на дописникот на новинската агенција Анадолија „Дали ОН за прв пат и се извинуваат на оваа земја? Дали не мислат да му се извинат и на народот во Сирија?“ одговори со зборовите: „(Прашањето за извинување) Тоа е поврзано со новиот генерален секретар. Ги споделуваме болките кои што ги трпи сирискиот народ и да се видат овие болки создаде големо разочарување.“

ОН признаа дека имале улога во епидемијата на колера која што се појави на Хаити во 2010 година и која предизвика смрт на над 10 илјади лица.

Претходно ОН соопштија дека сакаат да им обезбедат „материјална поддршка“ на оние кои беа подложени на влијанието на епидемијата на колера и истакнаа дека се обидуваат да одвојат буџет за исплата на 200 милиони долари за оштетените од епидемијата.



Слични вести