Аеродромот во Барцелона преполн со отпадоци
Поради четири дневниот штрајк на чистачите на меѓународниот аеродром Ел Прат во Барцелона терминалите се преполни со разни несобрани отпадоци

Аеродромот во Барцелона преполн со отпадоци
Поради четири дневниот штрајк на чистачите на меѓународниот аеродром Ел Прат во Барцелона терминалите се преполни со разни несобрани отпадоци.
Светските новински агенции како Ројтерс и Асошјетед прес објавија фотографии од терминалите на меѓународниот аеродром Ел Прат во Барцелона на кои што се гледа како патниците со својот багаж или без него поминуваат низ купишта ѓубре.
Се забележува дека дел од патниците имаат тешкотии при одењето.
Се очекува оваа состојба на меѓународниот аеродром Ел Прат во Барцелона да потрае до идната недела бидејќи лицата задолжени за одржување на аеродромот најавија дека ќе го продолжат штрајкот до идната недела.
Исто така се очекува во следните денови купиштата со отпадоци да бидат уште поголеми.