Ди Велт: Визната либерализација за турските граѓани во ЕУ може да се воведе во декември

Според тврдењето на германскиот весник Ди Велт“ Анкара и Брисел разговараат за укинување на визите за турските граѓани во земјите членки на ЕУ и дека страните би можеле да се договорат идниот месец (декември)

621348
Ди Велт: Визната либерализација за турските граѓани во ЕУ може да се воведе во декември

„Визната  либерализација за турските граѓани во земјите на ЕУ може да се воведе во декември“...

Ова тврдење го изнесе германскиот весник „Ди Велт“.

Весникот тврдеше дека Анкара и Брисел разговараат за укинување на визите за турските граѓани и дека страните би можеле да се договорат идниот месец (декември).

Според веста на германскиот интернет портал „Хуфингтон Пост“ пак постои конкретен план за укинување на визите и дека овој план се очекува да биде ставен во примена идната недела.

Висок функционер на ЕУ во изјава за „Ди Велт“ истакнал дека голема е шансата на Турција за визна либерализација.

Како што се наведува разговорите во врска со визната либерализација ќе започнат идната недела во среда помеѓу турскиот министер за ЕУ Омер Челик и потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс, еврокомесарот за миграција Димитрис Аврамопулос и еврокомесарот за безбедност Џулијан Кинг.

Доколку се постигне компромис помеѓу двете страни потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс по една недела ќе допатува во Анкара.

Советот на Европа исто така ќе соопшти дека го поддржува укинувањето на визите и на тој начин ќе ја подготви инфраструктурата за гласањето што ќе се одржи во Европската комисија.

По овие процеси одлуката што ќе ја донесат шефовите на држави и премиерите на земјите членки на ЕУ на самитот што ќе се одржи идниот месец ќе биде одобрена во Европскиот парламент.



Слични вести