Во напад на режимските сили во Алепо загинаа 45 лица меѓу кои има и жени и деца

Ибрахим Ебу Лејс, одговорен за печат на екипата за цивилна одбрана во Алепо, истакна дека топовските единици лојални на Асадовиот режим го бомбардирале цивилното население во маалото Бул ел-Кубе под контрола на опозиционерите

620665
Во напад на режимските сили во Алепо загинаа 45 лица меѓу кои има и жени и деца

Во последниот реализиран напад од страна на режимските сили во градот Алепо во северниот дел на Сирија животот го загубија 45 лица меѓу кои има и жени и деца, а десетици лица се ранети.

Ибрахим Ебу Лејс, одговорен за печат на екипата за цивилна одбрана во Алепо, истакна дека топовските единици лојални на Асадовиот режим го бомбардирале цивилното население во маалото Бул ел-Кубе под контрола на опозиционерите.

Лејс рече: „Во нападот животот го загубија 45 лица меѓу кои има и жени и деца, а десетици лица се ранети. Областа се наоѓа под жесток напад.“

Бројот на загинатите цивили во Алепо во источните делови кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите од 15 ноември досега заедно и со последните напад на режимските сили се зголеми на 739 лица, а бројот на ранети во овие напади на 2.500 лица.

Алепо кој се наоѓа во северниот дел на Сирија по главниот град Дамаск е втор по големина град на земјата.



Слични вести