Колумбискиот претседател Сантос: Авионската несреќа ја преживеаја 6 лица

По авионската несреќа во Колумбија во која животот го загубија 75 лица, а 6 лица успеаја да се спасат живи во Бразил е прогласена тридневна жалост

620427
Колумбискиот претседател Сантос: Авионската несреќа ја преживеаја 6 лица

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос истакна дека во авионската несреќа која што се случи во неговата земја се спасиле ранети 6 лица и дека здравствената состојба на двајцата од нив била критична.

Сантос изрази жалење во име на неговата земја до бразилскиот народ и истакна дека ќе им се достави поддршка на семејствата на лицата кои го загубија животот и ја преживеаја несреќата.

Институцијата за цивилно воздухопловство исто така соошти дека биле пронајдени и двете црни кутии на авионот кои биле здрави.

По авионската несреќа во Бразил е прогласена тридневна жалост, додека во истрагата која што се води ќе учестуваат и бразилски експерти.

Во меѓувреме продолжуваат и активностите за пренесување на мртвите тела  во градот Меделин кои што се водат од страна на колумбиската армија.

Според вестите објавени во локалните медиуми се истакнува дека освен тоа што намалувањето на горивото на авионот би можело да било причина за електричен дефект се стои и на можноста причина за несреќата да биле лошите временски услови кои што владеат во регионот.

Во вестите кои што се објавуваат се вели дека на голманот на Шапекоенсе 24-годишниот Џексон Фолман кој ја преживеал несреќата му биле ампутирани нозете.

Во срушениот авион се наоѓаа 72-јца патници и 9 членови на екипажот, од кои 75 лица го загубија животот, а 6 лица се спасија живи.

Патничкиот авион со своите 72-јца патници и 9 членови на екипажот полетал од Боливија и се срушил при слетување на аеродромот во градот Меделин во Колумбија.

Меѓу патниците во срушениот авион се наоѓаа и фудбалерите на бразилската екипа Шапекоенсе кои заминале за натпревар во градот Меделин со екипата Атлетико Национал.

Двете екипи денеска ќе требаше да играат во финалето во Куп Судамерикана.



Слични вести