Израелски воени авиони бомбардираа цели во Сирија

Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ и вести објавени во арапските медиуми израелски воени авиони во областа Сабура во близина на сирискиот главен град Дамаск погодиле конвој за кој што се наведува дека му припаѓал на Хезболах

620976
Израелски воени авиони бомбардираа цели во Сирија

Израелски воени авиони бомбардираа цели во Сирија...

Според веста на израелскиот весник „Хаарец“ и вести објавени во арапските медиуми израелски воени авиони во областа Сабура во близина на сирискиот главен град Дамаск погодиле конвој за кој што се наведува дека му припаѓал на Хезболах.

И во објавената вест преку сириската државна телевизија се истакнува дека израелски воени авиони од либанскиот воздушен простор истрелале две ракети, но дека во нападот немало загинати или ранети.

Во претходно објавените вести се наведуваше дека израелски воени авиони погодиле воен конвој на сириската армија.

Весникот „Раи Ел Јоум“ со седиште во Лондон исто така напиша дека израелски воени авиони погодиле еден магацин со муниција на четвртиот баталјон на сириската армија и еден конвој на магистралниот пат Дамаск-Либан.

Израел и на крајот од минатата недела на Голанските висорамнини во јужниот дел на Сирија погоди една зграда за која што се тврдеше дека и припаѓала на терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести