Бројот на загинатите во последните напади во Алепо се зголеми на 51 лице, а на ранетите на 150 лица

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Питер Кук истакна дека се загрижени од засилување на опсадата и од влошување на хуманитарната состојба во градот Алепо

620411
Бројот на загинатите во последните напади во Алепо се зголеми на 51 лице, а на ранетите на 150 лица

Бројот на загинатите во нападите на режимските сили во Алепо во источните области кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите се зголеми на 51, а бројот на ранетите на 150 лица. 

Во реализираните напади во источниот дел на Алепо од 15 ноември досега пак загинаа 694 лица.

Портпаролот на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон Питер Кук истакна дека се загрижени од засилување на опсадата и од влошување на хуманитарната состојба во градот Алепо.

„Она што го гледаме во Алепо е трагедија.“ - рече Кук.

Велејќи дека не е можно случувањата во Алепо да се гледаат преку екраните и да не се прави нешто, Питер Кук додаде дека меѓутоа САД нема да преземат воена иницијатива за решавање на кризата во Сирија.

Кук потсети дека Вашингтонската управа во секоја прилика упатува повик за изнаоѓање решение за кризата во Сирија по мировни патишта, но дека и покрај тоа не може да се добие резултат од тоа.

Нагласувајќи дека сео секој поминат ден се повеќе се влошува хуманитарната состојба во градот Алепо, портпаролот на Пентагон Питер Кук додаде дека одговорен за влошувањето на состојбата во Алепо е режимот.

На едно поставено прашање „Дали ЈПГ, военото крило на ПЈД како сириски продолжеток на терористичката организација ПКК работи заедно со Асадовиот режим во Алепо, Кук одговори: „Не би можел да кажам нешто во врска со тоа. Не сум свесен за една таква состојба.“ 

Слично соопштение во врска со опсадата на Алепо од страна на режимските сили и нападите врз цивилите во градот беше објавено и од американскиот државен секретаријат во кое беа осудени нападите.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби истакна дека САД ги осудуваат насилствата во Алепо и дека сеуште не пристигнала фиуманитарна помош во подрачјето.



Слични вести