5 милиони евра од Меркел на фондацијата Клинтон

Германското Министерство за екологија кое ја изврши трансакцијата ги отфрли тврдењата за поврзаноста на донацијата со претседателските избори

620979
5 милиони евра од Меркел на фондацијата Клинтон

Пред претседателските избори во САД, кои се одржаа на 8 ноември, германската канцеларка Ангела Меркел на кандидатот на Демократската партија Хилари Клинтон и испрати 5 милиони евра доброволен прилог од државниот трезор.

На списокот на донатори на Фондацијата се наоѓа и името на Германското Министерство за екологија кое ја изврши трансакцијата.

Министерството ги отфрли тврдењата за поврзаноста на донацијата со претседателските избори.

Покрај тоа што беше прифатена трансакцијата на парите, во одбрана беше изнесен ставот дека донацијата била извршена во рамките на „Меѓународната иницијатива за заштита на климата“.

Откривањето на финансиската помош предизвика големи дискусии во Германија и владејачката партија.

Пратеничката Вера Ленгсфелд од редовите на партијата Христијанско-демократски сојуз на канцеларката Ангела Меркел рече дека постојат многу сериозни прашања кои бараат одговор.

Ленгсфелд на личната веб страница на интернет го постави прашањето: „Зошто едно федерално министерство подржува еден од кандидатите на претседателските избори во САД“?

По се изгледа дека германските даночни обврзници несовесно донирале во изборната кампања на Клинтон, одговори Ленгсфелд.

Во октомври, кога беше реализирана донацијата, Клинтон на едно прашање во врска со тоа кој политичар и се допаѓа од аспект на националната политика, рече дека Ангела Меркел е една од најпопуларните политичарки.

Клинтон во изјавата за печатот во авионот рече дека Ангела Меркел е една од омилените и фаворит политичари бидејќи има силна лидерска позиција во целиот свет и особено се покажа во тешките периоди низ кои помина Европа. Се надевам дека во иднина ќе имам можност да соработувам со Меркел, рече Клинтон.



Слични вести