Трамп победи на изборите во Мичиген

Трамп освои уште 16 нови делегати и вкупниот број на изборните членови на комисијата го зголеми на 306

619786
Трамп победи на изборите во Мичиген

20 дена по претседателските избори кои се одржаа на 8 ноември во САД, изборната комисија на Мичиген соопшти дека кандидатот на Републиканската партија Доналд Трамп победи на изборите и освои 16 членови на изборниот совет.

Изборната загатка во Мичиген заврши со објавувањето на резултатите за победата на Трамп од страна на изборната комисија.

Со победата во Мичиген, Трамп освои уште 16 нови делегати и вкупниот број на изборните членови на комисијата го зголеми на 306, додека Хилари Клинтон остана на 232.

Од друга страна пак, кандидатот на партијата на зелените Џил Стејн официјално аплицираше за повторно пребројување на гласовите во и во Пенсилванија.

Стејн минатата недела аплицираше за повторно пребројување на гласовите ви Висконсин. Изборната комисија на Висконсик соопшти дека ја прифатиле апликацијата и дека за кратко време ќе ги започна потребните подготовки за  повторно пребројување на гласовите. Трамп кој победи на изборите во Висконсин освои 1 милион 409 илјади, додека Клинтон 1 милион 381 илјада 823 гласови.

Кандидатот на Републиканската партија Трамп кој победи на 58-те претседателски избори кои се одржаа на 8 ноември, ќе биде 45 претседател на САД и по положувањето на заклетвата на 20 јануари 2017 година се очекува да седне на претседателската фотелја во Овалната канцеларија.



Слични вести