Сирискиот режим и неговите поддржувачи продолжуваат со жестоките бомбардирања врз Алепо

Сириските режимски сили со помош и на жестоките бомбардирања кои што ги продолжуваат од крајот на неделата речиси целосно ги зазедоа североисточните делови на Алепо

619979
Сирискиот режим и неговите поддржувачи продолжуваат со жестоките бомбардирања врз Алепо

Високиот преговарач на сириските опозиционери Џорџ Сабра истакна дека заземањето на истичните делови на градот Алепо од страна на режимските сили нема да значи крај на борбата.

Според веста на британски „ББС“ Сабра нагласи дека борбата против Бешар Асад ќе продолжи  и дека нападите на режимските сили врз источните делови на Алепо ги вовлекоа во тешка состојба надежите за постигнување мировен договор.

„Алепо е значајно место на револуцијата, но не и последно место. Во моментов има уште многу територии кои што се наоѓаат под контрола на Слободната сириска армија (ССА).“ рече Сабра.

Сириските режимски сили со помош и на жестоките бомбардирања кои што ги продолжуваат од крајот на неделата речиси целосно ги зазедоа североисточните делови на Алепо.

Вооружените опозициони групи изгубија една третина од териториите на Алепо кои ги држеа во свои раце, додека сирискиот режим се стекна со значајна придобивка од аспект на текот на граѓанската војна во иднина.

Исто така и во објавеното соопштение од руското министерство за одбрана се истакнува дека контролата на половината од источен Алепо од опозиционерите преминала на режимските сили.

Во меѓувреме беа срамнети со земја и туркменските маала во градот Алепо како што се Бустан Баша, Хулук, Хајдарије, Шеик Фарис, Шеик Хидир и Баидин.

Во објавеното писмено соопштение од сириското туркменско собрание се привлекува внимание дека во Алепо од 15 ноември досега се доживува едното од најжестоките бомбардирања и едниот од најтешките масакри врз цивилите во светската историја.

Во соопштението се нагласува дека областите во Алепо кои што се подложени на најжестоко нечовечно бомбардирање од страна на сирискиот режим и неговите сојузници се туркменските области, а воедно се нагласува дека во туркменските маала заземени од страна на режимот се префрлуваат елементи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК и нејзините сириски ограноци ПЈД и ЈПГ.



Слични вести