Предупредувањето на претседателот Ердоган наиде на одзив кај изралеските власти

Претседателот на Израел Рувен Ривлин изјави дека е против предлог законот за ограничување на проучувањето на езанот преку џамиските звучници во неговата земја

620144
Предупредувањето на претседателот Ердоган наиде на одзив кај изралеските власти

Предупредувањето на претседателот Реџеп Тајип Ердоган наиде на одзив кај израелските власти.

Претседателот на Израел Рувен Ривлин изјави дека е против предлог законот за ограничување на проучувањето на езанот преку џамиските звучници во неговата земја.

Како што јави израелското радио претседателот Ривлин примил група муслимански свештеници во неговата канцеларија во западен Ерусалим. Во разговорот претседателот Ривлин рекол дека е против предлог законот кој предвидува забрана на емитување на езанот преку звучници бидејќи како што рече нема потреба од тоа.

Ривлин вети дека ќе се консултира со надлежните органи предлог законот да не биде ставен со собраниска процедура и додаде: Израелската држава ги почитува верските обреди како и слободата на вероисповеста на сите малцинства во земјата.

Инаку за да биде усвоен предлог законот кој што предвидува забрана на емитување на езанот преку звучници поради предизвикување на бучава, треба да помине низ три различни собраниски тела во израелскиот Кнесет.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху се изјасни за предлог законот велејќи дека бучавата од звучниците кои го емитуваат езанот ги вознемирува граѓаните.

Гласањето по истиот предлог закон во Кнесетот беше одложено по приговорот на конзервативните еврејски партии Јахудот Ха Тора.

Министерот за здравство од редовите на оваа партија Јакуп Лицман изјави дека е против предлог одлуката за забрана на емитувањето на езанот преку звучници бидејќи истото може да се реперкуира и на еврејските верски ритуали.

Инаку овој предлог закон наиде на силни реакции кај палестинските средини и воопшто во исламскиот свет. Предлогот неколку пати се најде на дневен ред во Кнесетот но не беше поставен на гласање.



Слични вести