Напад во универзитетот Охајо во американскиот град Колумбус

Продолжуваат испитувањата дали нападот има терористички карактер

619743
Напад во универзитетот Охајо во американскиот град Колумбус

Во нападот на универзитетот Охајо во американскиот град Колумбус беа повредени 11 лица.

Напаѓачот откако возилото со кое дојде во универзитетот го возеше врз пешаците, потоа со нож почна да ги напаѓа граѓаните во околината.

Властите соопштија дека напаѓачот бил 18 годишниот Абдулрезак Али Артан од сомалиско потекло.

Напаѓачот беше застрелан од страна на полицијата.

На местото на настанот беа испратени голем број амбулантни возила и безбедносни екипи.

Продолжуваат испитувањата дали нападот има терористички карактер.



Слични вести