Источните маала на Алепо прогласени за „области под целосна катастрофа“

Управата за цивилна одбрана источните маала на Алепо ги прогласи за области под целеосна катастрофа и упати повик до сите организации за хуманитарна помош да стапат во акција за стопирање на бомбардирањата на режимските и руските авиони

619485
Источните маала на Алепо прогласени за „области под целосна катастрофа“

Управата за цивилна одбрана одговорна за областите под контрола на опозиционерите во градот Алепо во Сирија источните маала на градот кои се наоѓаат под опсада ги прогласи за “области под целосна катастрофа“.

Во објавеното писмено соопштение од управата за цивилна одбрана се истакнува дека источните маала на Алепо се прогласени за области под целосна катастрофа и упати повик до сите организации за хуманитарна помош да стапат во акција за стопирање на бомбардирањата на режимските и руските авиони.

Во соопштението се вели дека од 15 ноември досега во Алепо се реализирани 2 илјади воздушни напади, 7 илјади артилериски напади, а воедно се истрелани и балистички ракети и се фрлени касетни бомби и гас хлор кој што е забранет во меѓународни рамки.

Во маалата на Алепо кои што се држат под опсада се наоѓаат 279 илјади лица од кои повеќето жени и деца, додека 35 лица се затрупани под рушевините. 

Ниту една болница во овие области не може да врши услуга, а исто така поради бомбардирањата кои што продолжуваат не може да се користи и поголемиот дел од опремата и материјалите на управата за цивилна одбрана.



Слични вести