Во последните два дена Мосул го напуштија повеќе од 3 илјади цивили

Црвената полумесечина на Ирак истакна дека во последните два дена градот Мосул го напуштиле повеќе од 3 илјади цивили кои биле сместени во камповите од шатори во Џед’а јужно од Мосул и во Хасан Шам источно од Мосул

619110
Во последните два дена Мосул го напуштија повеќе од 3 илјади цивили

Поради операцијата за спасување на ирачкиот град Мосул од терористичката организација ДАЕШ во последните два дена градот го напуштија повеќе од 3 илјади цивили.

Црвената полумесечина на Ирак истакна дека овие лица кои биле принудени на иселување биле сместени во камповите од шатори во Џед’а јужно од Мосул и во Хасан Шам источно од Мосул. 

Во камповите од шатори Хасан Шам и Хазир се сместени 6.770 семејства, односно вкупно 35.600 лица.

600 семејства пак кои се наоѓаат во кампот Џед’а во градчето Кајар јужно од Мосул пак се вратија во своите домови во спасените области на градот.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести