Напад на една џамија во Франција

Од безбедносните камери на џамијата беа утврдени идентитетите на напаѓачите

619033
Напад на една џамија во Франција

Уништени ѕидовите на една џамија во предградието Мерињак на францускиот град Бордо врз кои беа напишани слогани против муслиманите.

Во соопштението објавено од страна на муслиманското здружение беше истакнато дека од безбедносните камери на џамијата беа утврдени идентитетите на напаѓачите.

Во соопштението беше истакнато дека во врска со нападот беше поднесена кривична пријава до надлежните безбедносни единици и беше осуден кукавичкиот напад кој содржи расизам и исламофобија.

Сенаторот на Социјалистичката партија на Бордо Ален Ансиани исто така го осуди нападот. Ансиани рече дека постои голема веројатност нападот да биде извршен со провокативна цел особено пред вториот круг на прелиминарните избори на централната десница.

Во меѓувреме, полицијата започна истрага во врска со нападот и изврши испитување на подрачјето околу џамијата.



Слични вести