Меркел: Ако секој работи сам не можеме да ги решиме проблемите во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел во пораката што ја испрати преку видео снимка истакна дека историјата покажува дека повлекувањето во себе нанесува поголеми штети и рерче „Ако секој работи сам не можеме да ги решиме проблемите во светот“

619259
Меркел: Ако секој работи сам не можеме да ги решиме проблемите во светот

Германската канцеларка Ангела Меркел во сабота објави видео-снимка со порака во која истакна дека потребата од Г-20 ги оправда високите трошоци за Германија која на 1 декември ќе го преземе привременото претседателствување со групата составена од 20 индустриски најразвиени земји во светот. 

Меркел напомена дека групата Г-20 составена од 20 земји кои располагаат со најразвиена индустрија во светот во период на стравувања со глобализацијата доби уште поголемо значење.

Велејќи „Ако секој работи сам не можеме да ги решиме проблемите во светот“, Меркел рече дека историјата покажува дека повлекувањето во себе нанесува поголеми штети.

Ангела Меркел исто така упати повик на состаноците на Г-20 отоврено да се разговара за проблемите помеѓу земјите.

Како пример за тоа Меркел укажа на тоа што Кина создава вишок од снабдување во производството на челик во врска со што истакна дека овие проблеми треба да се решат, за како што рече оваа земја (Кина) да не им нанесе поголема штета на другите.

Германската канцеларка Ангела Меркел освен тоа што ги изнесе приоритетните економски прашања за време на мандатот на претседателствувањето на нејзината земја со Г-20 ја даде пораката дека значајни ќе бидат и насловите како што се здравството и помошта на Африка. 

Земјите од Г-20 претставуваат 85-насто од глобалните приходи и две третини од светското население.



Слични вести