Во операцијата за спасување на Мосул се убиени 17 терористи на ДАЕШ

Во операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ во Анбар се убиени 17 терористи

618585
Во операцијата за спасување на Мосул се убиени 17 терористи на ДАЕШ

Ирачката армија истакна дека во рамките на операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ во Анбар се убиени 17 терористи.

Генерал мајор Касим ел-Мухамеди од Командата за операции Ал Џезира истакна дека со поддршка на воени авиони на меѓународните коалициони сили во реализираниот напад од страна на полициските и племенските сили во областа Ел-Медхем западно од Анбар биле доведени во неупотреблива состојба и 3 воени возила на ДАЕШ.

Операцијата продолжува во различни области на градот.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести