Митинг „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“ во Стразбур, Франција

На митингот „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“ во Стразбур, Франција учествуваа илјадници лица

618577
Митинг „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“ во Стразбур, Франција

Во францускиот град Стразбур се одржа митинг „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“...

На митингот што се одржа на плоштадот Etoile од страна на Платформата за демократија составена од граѓанските организации кои делуваат во Стразбур и околината учествуваа илјадници лица кои дојдоа и од околните градови и од областите во Германија блиску до Стразбур.

Митингот започна со интонирање на националните химни на Турција и Франција.

Голем број лица се собраа под џиновското турско знаме кое што беше закачено на плоштадот, извикуваа слогани и во своите раце носеа транспаренти со натписи на турски и француски како „Не за тероризмот“, „Шехидите не умираат, татковината е неделива“, „Европо не поддржувај го тероризмот“, „Секој Турчин се раѓа војник“, „Нашето срце е со Турција“.

На митингот беше прочитано соопштение за печатот на турски и француски во кое беше упатен повик до европските земји за поддршка на Турција против тероризмот.

Во соопштението беше истакнато следното: „Во една земја која располага со демократска структура не би требало да им се дава поддршка на терористичките организации и терористите. Спротивно на тоа тероризмот, расизмот, дискриминацијата, непријателството кон странците се зла кои се хранат еден со друг и ја празнат внатрешноста на вредностите на ЕУ. ЕУ и Франција онолку колку што се доближуваат кон терористите  толку се оддалечуваат од демократијата и своите вредности.“ 

Митингот се одржа во придружба на турски народни песни и маршеви траеше три часа и заврши со молитва за шехидите.



Слични вести