Почина легендарниот лидер на Куба Фидел Кастро

Легендарниот кубански лидер Фидел Кастро почина на 90-годишна возраст

618037
Почина легендарниот лидер на Куба Фидел Кастро

Почина Фисел Кастро...

Легендарниот кубански лидер Фидел Кастро почина на 90-годишна возраст.

Веста за смртта на Кастро беше соопштена од страна на кубанската телевизија.

Меѓународните новински агенции исто така веста ја објавија како најнова вест.

Лидерот на кубанската револуција Фидел Кастро поради здравствени причини на 31 јули 2006 година своите надлежности му ги предаде на својот помошник и брат Раул Кастро.

На 19 февруари 2008 година пак ја напушти функцијата претседател на Државниот совет како највисок управен орган на Куба која што ја извршуваше уште од 1976 година.

Фидел Кастро никогаш не престана да работи и во последните години од својот живот пишуваше статии со кои ги коментираше актуелните случувања.

Фидел Кастро за последен пат се појави пред народот на 13 август на својот 90-сети роденден.

Легендарскиот кубански лидер Фидел Кастро исто така одржуваше и средби во својата резиденција во главниот град Хавана со високите државни функционери кои повремено ја посетуваа Куба.



Слични вести