Напад со петарди на муслиманска теолошка школа во Данска

Четворица неидентификувани лица извршиле напад со петарди на муслиманска теолошка школа (İmam Hatip) во училиштето Мина Хиндхолм во градчето Фуглебјерг јужно од данскиот главен град Копенхаген

618173
Напад со петарди на муслиманска теолошка школа во Данска

Реализиран напад со петарди на муслиманска теолошка школа (İmam Hatip) во училиштето Мина Хиндхолм во градчето Фуглебјерг јужно од главниот град на Данска Копенхаген.

Ахмет Ихсан Дениз, директор на одделот за гимназија (Hindholm STX) на училиштето Мина Хиндхолм, како прва муслиманска теолошка школа (İmam Hatip) во Скандинавија, истакна дека школото во текот на оваа учебна година четири пати е цел на расистички напади и дека последниот од овие напади беше извршен синоќа. 

Дениз истакна дека синоќа четири неидентификувани лица извршиле напад на школото од местата кои што не се видливи за безбедносните камери и дека во врска со случајот биле информирани локалните полициски сили.

Велејќи дека откако школото често во данските медиуми беше афирмирано како „исламска гимназија“ во последно време станува цел на дискриминаторски напади, Ахмет Ихсан Дениз напомена дека во блиско време биле посетени од тројца надлежни од данското министерство за образование кои вршеле истражувања и дека по оваа посета биле доставени позитивни ставови во врска со школото.



Слични вести