Експлозија во близина на церемонија на која учествуваше и сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд

Во експлозија во близина на церемонија на свечено отворање на еден универзитет во главниот град Могадишу на која учествуваше и сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд загинаа најмалку 8 лица, а десетина лица се повредени

618284
Експлозија во близина на церемонија на која учествуваше и сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд

Во главниот град на Сомалија Могадишу во експлозија на возило натоварено со експлозив во близина на универзитетот на чија церемонија на свечено отворање учествуваше и сомалискиот претседател Хасан Шеик Махмуд според првични претпоставки загинаа 8 лица, а 10 лица се повредени.

Сомнителното возило експлодира откако беше сопрено на 300 метри од местото на церемонијата на свечено отворање на универзитетот во главниот град Могадишу.

Експлозијата се случила откако возачот на возилото излегол од сомнителното возило.

По случајот возачот на возилото е притворен од страна на сомалиските безбедносни сили додека одговорноста за нападот засега не ја презеде никој.



Слични вести