Во реализирани жестоки напади во Алепо загинаа 59 лица

Во жестоките напади на руските и режимските воени авиони во источните квартови на Алепо под контрола на опозиционерите загинаа 59 лица, а 137 лица се повредени

617259
Во реализирани жестоки напади во Алепо загинаа 59 лица

Во реализирани жестоки напади во градот Алепо во Сирија на областите под опсада на силите на режимот животот го загубија 59 лица, а 137 лица се повредени.

Во жестоките напади на руските и режимските воени авиони во источните квартови на Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите освен загинатите и повредените десетици лица останаа затрупани под срушените згради. 

Во бомбардирањата чија цел беа цивилни населени места загинаа 59 лица од кои 14 во Мујесер, 3 во Тарик ел Баб, 3 во Карм Бејк, 7 во Баб Нејраб, по едно лице во Карм Хамд, Мувасалат и Џезметли, 6 во стариот дел на Алепо, 5 во Сукери, 14 во Мешед и 4 лица во квартот Катирџи, а 137 лица беа повредени.

Ибрахим Ебу Лејс, одговорен за печат на екипата за цвилна одбрана во Алепо истакна дека нападите врз опозиционерите не се реализираат само од воздух, туку и со ракети од долг дострел.

Велејќи дека квартовите на Алепо во рацете на опозиционерите се подложени на напади со воени хеликоптери со барел бомби, Лејс рече дека поради жестоките напади од копно и воздух човечката состојба во Алепо со секој поминат ден се влошува.

Во реализираните напади од страна на сириските режимски сили поддржани и од руските воздушни сили во последните 9 дена во источниот дел на градот Алепо животот го загубија 361 цивил, а 1.210 цивили се повредени.

Источните делови на Алепо под контрола на опозиционерите од 4 септември досега се наоѓаат под опсада на Асадовиот режим.

Во Алепо кој што во последните 9 дена е под жестоко бомбардирање не остана ниту една болница и ниту едно училиште.

Во воздушните напади се разрушени голем број фурни, додека останатите фурни поради недостаток од брашно еднаш во два дена произведуваат органичено леб.



Слични вести