Митинзи „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“ во Луксембург, Франција и Австрија

На крајот на неделата во сабота и во недела во Луксембург, Франција и Австрија ќе се одржат митинзи под слоганот „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“

617766
Митинзи „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“ во Луксембург, Франција и Австрија

Во Луксембург, Франција и Австрија на крајот на неделата, утре во сабота и задутре во недела, ќе се одржат митинзи под слоганот „Проколнување на тероризмот, покана за демократија“.

Митингот во Луксембург во истоимениот главен град на оваа земја ќе се одржи на плоштадот Theatre на 26 ноември во сабота (утре).

На митингот кој што ќе се одржи на народна иницијатива и со поддршка на граѓански организации ќе се посака од европските земји да ја поддржуваат Турција по прашањето на борбата против тероризмот.

На митингот ќе им се оддаде почит и на шехидите (загинатите во борбата против тероризмот и во терористичките напади).

Исто така и граѓанските организации кои делуваат во градот Стразбур во Франција на 26 ноември во сабота (утре) на плоштадот Place de l’Etoile ќе се одржи митинг под слоганот „Не за тероризмот, да за демократија“.

На митингот на кој се очекува да биде со широко учество на институциите на ЕУ и Европскиот совет ќе им се достави пораката „Не поддржувајте го тероризмот.“

Во австрискиот главен град Виена пак ќе се одржи митинг на 27 ноември, во недела (задутри).

на митингот што ќе се одржи пред австрискиот парламент ќе се протестира против ЕУ и земјите членки кои им даваат поддршка на терористичките организации.



Слични вести