ДАЕШ во Анбар во Ирак грабна 250 поранешни државни службеници и ги однесе во Сирија

Полковник Велид ед-Дулејми истакна дека ДАЕШ грабна 250 лица кои порано беа на должности во државни институции и полицијата и овие лица со возила ги однесе во областите во Сирија кои што се наоѓаат под нејзина контрола

617663
ДАЕШ во Анбар во Ирак грабна 250 поранешни државни службеници и ги однесе во Сирија

Терористичката организација ДАЕШ во провинцијата Анбар во Ирак киднапира 250 поранешни државни службеници кои ги однесе во Сирија.

Полковник Велид ед-Дулејми истакна дека терористичката организација ДАЕШ во последните два дена како реализира претреси во градовите Анех, Рава и Ел-Каим во провинцијата Анбар во домовите на лицата кои претходно биле државни службеници на ирачката влада и потоа откако дошла ДАЕШ во наведените градови ги напуштиле своите должности. 

Дулејми рече: „ДАЕШ грабна 250 лица кои порано беа на должности во државни институции и полицијата и овие лица со возила ги однесе во областите во Сирија кои што се наоѓаат под нејзина контрола.“ 

Велејќи дека по нападот реализиран од страна на коалиционите сили и ирачките воздушни сили со кој и беше нанесена голема штета на терористичката организација ДАЕШ организацијата овие лица ги обвини за споделување на информации со безбедносните сили лојални на ирачката влада, Дулејми додаде дека засега нема никакви информации во врска со судбината на грабнатите поранешни државни службеници.

Терористичката организација ДАЕШ градовите Анех, Рава и Ел-Каим во провинцијата Анбар ги зазеде кон средината на 2014 година кога ирачките безбедносни сили без да пружаат никаков вооружен отпор се повлекоа од овие градови. 

Ирачките армиски единици со поддршка и на племињата во подрачјето ги завршија своите подготовки за воспоставување на контролата во градовите Анех, Рава и Ел-Каим во провинцијата Анбар и за спасување на илјадници лица кои се наоѓаат под блокада во овие наведени градови.



Слични вести