Бројот на цивилите принудени на иселување од Мосул достигна до приближно 73 илјади лица

Портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Џоел Милман истакна дека бројот на цивилите кои се принудени на иселување од градот Мосул, населеното место Хамданије и од други области на градот достигна до приближно 73 илјади лица

617935
Бројот на цивилите принудени на иселување од Мосул достигна до приближно 73 илјади лица

Меѓународната организација за миграција (ИОМ) соопшти дека од 17 октомври кога започна операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ досега беа принудени на иселување од овој втор по големина ирачки град приближно 73 илјади цивили.

На одржаната конференција за претставниците на печатот во канцеларијата на ОН во Женева портпаролот на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) Џоел Милман истакна дека во последните 5 дена се забележува намалување во бројот на цивилите кои се принудени на иселување од Мосул.

Милман напомена дека 98-отсто од иселените цивили се наоѓаат во границите на провинцијата Ниневија и дека бројот на цивилите кои се принудени на иселување од градот Мосул, населеното место Хамданије и од други области на градот достигна до приближно 73 илјади лица.



Слични вести