Жан-Марк Ајро најави состанок посветен на Сирија во Париз во почетокот на декември

Францускиот министер за надворешни работи Џан-Марк Ајро истакна дека претставниците на земјите кои ја поддржуваат умерената опозиција во Сирија ќе се состанат на почетокот на декември во Париз

616566
Жан-Марк Ајро најави состанок посветен на Сирија во Париз во почетокот на декември

Францускиот министер за надворешни работи Џан-Марк Ајро по одржаната владина седница изјави дека меѓународната заедница не треба да остане посматрач особено на случувањата во градот Алепо во Сирија.

Ајро истакна дека претставниците на земјите кои ја поддржуваат умерената опозиција во Сирија ќе се состанат на почетокот на декември во Париз.

Велејќи „Треба да покажеме итна реакција“, Жан-Марк Ајро привлече внимание дека Асадовиот режим и неговите поддржувачи искористувајќи ја политичката неизвесност која што е доживеана поради промената на управата во САД реализира жестоки напади врз областите во рацете на опозицијата.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ајро напомена дека на состанокот посветен на Сирија што ќе се одржи на почетокот на декември во Париз освен Франција ќе учествуваат и САД, Германија, Италија, Велика Британија, Турција, Саудиска Арабија, Катар, Обединетите Арапски Емирати и Јордан.

Ајро додаде дека на состанокот се поканети земјите пријатели на демократијата во Сирија и земјите кои ја поддржуваат опозицијата на демократска Сирија.



Слични вести