Во Сирија убиен Ел Масри, еден од лидерите на Ал Каеда

Портпаролот на Пентагон Питер Кук соопшти дека Ел Масри, еден од лидерите на терористичката организација Ал Каеда е убиен во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили на 18 ноември во петокот во градот Сирмата во Сирија

615889
Во Сирија убиен Ел Масри, еден од лидерите на Ал Каеда

Во Сирија убиен Ел Масри, еден од лидерите на терористичката организација Ал Каеда...

Според американското министерство за одбрана, портпаролот на Пентагон Питер Кук на одржаната дневна редовна конференција за претставниците на печатот соопшти дека Ел Масри е убиен во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили на 18 ноември во петокот во Сирија.

Ел Масри за кого се вели дека по потекло е од Египет и откако се приклучил кон Ал Каеда во Авганистан преминал во Сирија, беше познат како еден од лидерите на Ал Каеда во Сирија. 

Како што се истакнува Ел Масри загинал во реализираниот воздушен напад во близина на граот Сирмата и се вели дека имал улога во голем број реализирани напади врз американските и коалиционите сили во Авганистан.

Портпаролот на американското министерство за одбрана, Пентагон Питер Кук додаде дека по убиството на Ел Масри е фрлен значаен чекор во борбата против терористичките организации во регионот.



Слични вести