Трамп го предложил генерал Мајлк Флин за советник за национална безбедност

Генералот во пензија Мајкл Флин беше во најтесниот круг на изборниот штаб на Доналд Трамп

613630
Трамп го предложил генерал Мајлк Флин за советник за национална безбедност

Трамп го предложил генерал Мајлк Флин за советник за национална безбедност

Се уште е неизвесно дали Флин ја прифатил понудата

Генералот во пензија Мајкл Флин беше во најтесниот круг на изборниот штаб на Доналд Трамп.

Како што соопштија американските медиуми новиот претседател му ја предложил на Флин позицијата советник за национална безбедност во преодниот период. Луѓето од најблиските кругови на Трамп истакнуваат дека генерал Флин е најпогодната личност за оваа функција,како човек кој беше задолжен за безбедноста за време на предизборната кампања на Доналд Трамп и како искусен војник кој присуствувал на воени мисии во Авганистан и Ирак.

Доколку Мајкл Флин ја прифати понудата би можел веднаш да стапи на должност бидејќи предлогот ќе нема потреба да помине од гласање во Конгресот.

Флин пред извесно време имаше напишано статија за фетулахистичката терористичка организација ФЕТО/ПДЈ во која го имаше истакнато следното: сосема е нелогично да и застанеме на пат на сојузничка на НАТО,Турција во ситуација кога Вашингтон мижи пред фактот дека извор на тероризам и нестабилност е комотно сместен во задниот двор Пенсилванија. Гледано од аспект на Турција Вашингтон го засолнува американскиот Усаме бин Ладин. Што би направиле кога би дознале дека после 11 септември, Усаме бин Ладин комотно живее во едно убаво село во Турција и од турските даночни обврзници собира фондови за раководење на160 училишта?



Слични вести