Од почетокот на операцијата на Мосул градот го напуштија над 79 илјади лица

Бројот на лицата кои го напуштија Мосул од почетокот на операцијата за спасување на овој втор по големина ирачки град од рацете на терористичката организација ДАЕШ достигна до 79.192

613130
Од почетокот на операцијата на Мосул градот го напуштија над 79 илјади лица

Додека продолжува операцијата за исчистување на градот Мосул во Ирак од терористичката организација ДАЕШ која започна на 17 октомври бројот на лицата кои го напуштија градот достигна до 79.192.

Во подготвениот извештај од страна на Црвената полумесечина на Ирак се истакнува дека лицата кои го напуштија Мосул во периодот од еден месец по започнувањето на операцијата се засолнаа во камповите во соседните градови Ербил, Духок и Нинова.

Во извештајот се споделува и информацијата дека само во последните 24 часа од источните и северните делови на градот Мосул се иселиле 1.500 лица.

Ирачката Црвена полумесечина соопшти дека овие 1.500 иселени лица од кои повеќето биле деца и жени од областите Ес-Сахил и Ел-Ејсер источно од Мосул биле сместени во кампот од шатори Хазир. 

ОН претходно соопштија дека бројот на луѓето кои поради операцијата за спасување на Мосул биле принудени да ги напуштат своите домови достигна до 59 илјади лица.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ која продолжува.



Слични вести