Русија го напушта Меѓународниот кривичен суд

Рускиот претседател Владимир Путин на предлог на министерството за правда и со одобрение на министерството за внатрешни работи го потпиша декретот кој што предвидува Русија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд

612200
Русија го напушта Меѓународниот кривичен суд

Русија го напушта Меѓународниот кривичен суд....

Според објавеното соопштение од Кремљ, рускиот претседател Владимир Путин на предлог на министерството за правда и со одобрение на министерството за внатрешни работи го потпиша декретот кој што предвидува Русија да се повлече од Меѓународниот кривичен суд.

Путин со овој декрет издаде и директива да биде информиран генералниот секретар на ОН по прашањето. 

Портпаролот за печат на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека повлекувањето од Румскиот статут е во полза на националните интереси на Русија.

Во објавеното соопштение од руското министерство за надворешни работи пак се застанува во одбрана на тоа дека Меѓународниот кривичен суд не можеше да стане самостоен и надлежен судски орган во вистинска смисла на зборот.

Освен тоа во соопштението се истакнува дека Русија беше вознемирена и од начинот на поглед на Меѓународниот кривичен суд кон случувањата во Грузија во 2008 година.



Слични вести