Хилари прв пат во јавноста после поразот

'Никој не може да биде повеќе разочаран од мене.Скршеното срце не може да се поправи за една ноќ,па нема ни ова“.

612386
Хилари прв пат во јавноста после поразот

Хилари прв пат во јавноста после поразот

Кандидатот за претседател на САД Хилари Клинтон вчера за прв пат се појави во јавноста после поразот на претседателските избори на 8 овој месец.

Клинтон се појави на активноста на Фондот за заштита на децата во Вашингтон и рече:

Признавам, не ми беше лесно да се појавам вечерва овде.Цела недела после изборите сакав само да се релаксирам или со читање или со прошетки со моите кучиња, или воопшто да не излегувам од дома.

Клинтон во говорот воопшто не го спомна Трамп но упати порака до новата американска администрација велејќи: има уште многу што да се прави за нашите деца, семејства и нашата земја. Во моментот можеби сето ова не изгледа можно, но мислам дека сепак имаме заеднична основа за понатамошна работа.

Дел од американските медиуми пишуваат дека Хилари Клинтон во понеделникот на еден демократски пратеник му рекла:Никој не може да биде повеќе разочаран од мене.Скршеното срце не може да се поправи за една ноќ,па нема ни ова“.



Слични вести