Јусуф ел-Усејмин избран за нов генерален секретар на ОИС

На состанокот во дворецот Сафа во Мека доктор Јусуф ел-Усејмин беше избран за нов генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) кој беше и единствен кандидат

612980
Јусуф ел-Усејмин избран за нов генерален секретар на ОИС

На вонредниот состанок на министрите за надворешни работи на Организацијата за исламска соработка (ОИС) што се одржа во Мека во Саудиска Арабија за нов генерален секретар на организацијата е избран Јусуф ел-Усејмин. 

Во објавеното писмено соопштение од Организацијата за исламска соработка (ОИС) се истакнува дека на состанокот во дворецот Сафа во Мека доктор Јусуф ел-Усејмин беше избран на должноста генерален секретар кој беше и единствен кандидат. 

Во соопштението му беше заблагодарено на досегашниот генерален секретар на Организацијата за исламска соработка (ОИС) Ијад Медени кој поднесе оставка поради здравствени причини и беше додадено дека новиот генерален секретар на организацијата Јусуф ел-Усејмин положи заклетва и стапи на должност.



Слични вести