Во воздушни напади на цивилни населени места во Алепо загинаа 7 лица

Во воздушни напади врз цивилни населени места во области под контрола на опозиционерите во Алепо во Сирија загинаа 7 лица, а 45 лица беа повреден

611451
Во воздушни напади на цивилни населени места во Алепо загинаа 7 лица

Во реализирани воздушни напади врз областите под контрола на опозиционерите во Алепо во северниот дел на Сирија животот го загубија 7 лица, а 45 лица беа повредени.

Цивилни населени места во квартовите Шеар, Месекин Ханано, Мујесир, Карм Тураб, Фирдевс и Сукери во источните делови на Алепо кои се наоѓаат под контрола на опозиционерите беа подложени на воздушни напади.

Екипите за цивилна одбрана извлекоа живи од под рушевините на срушените згради во бомбардираните населени места. 

Во меѓувреме се истакнува дека на воздушни напади биле подложени и голем број области во градот Идлиб во северозападниот дел на Сирија.



Слични вести