ОН ги осудија засилените напади врз цивилите во Алепо и повикаа на прекин на огнот

Нацрт резолуцијата подготвена од страна на Саудиска Арабија и одобрена во третиот Комитет на Генералното собрание на ОН одговорен за човекови права беше усвоена со 116 гласа „за“ наспроти 15 гласа „против“ и 49 воздржани

611766
ОН ги осудија засилените напади врз цивилите во Алепо и повикаа на прекин на огнот

ОН ги осудија засилените напади насочени против цивилното население во градот Алепо во Сирија и ги повикаа страните на прекин на огнот.

Нацрт резолуцијата подготвена од страна на Саудиска Арабија и одобрена во третиот Комитет на Генералното собрание на ОН одговорен за човекови права беше усвоена со 116 гласа „за“ наспроти 15 гласа „против“.

На гласањето Русија и Иран се изјаснија против, додека 49 земји членки беа воздржани.

Резолуциите кои што се усвојуваат во Комитетите потоа се поставуваат на гласање и пред Генералното собрание на ОН кое ќе се состане идниот месец.

Прекршувањата на човековите права во Сирија од 2011 година кога започна граѓанската војна во Сирија досега секоја година се осудуваат со тоа што најпрвин се усвојуваат во Комитетот за човекови права на Генералното собрание на ОН.

Во годинашната резолуција во која се осудуваат засилените напади против цивилите во градот Алепо исто така се упатува и повик до страните за прекин на огнот и доставување хуманитарна помош на народот во овој град.

Во Комитетот каде што беше критикувана и смртната казна во Иран исто така беа осудени и прекршувањата на човековите права во Крим и во Северна Кореја.



Слични вести